Во студентскиот дом во Штип примени 107 студенти, од денеска и конкурс за прием на бруцоши
- Конкурсот за прием на бруцоши во Државниот студентски дом (ДСД) „Браќа Миладиновци“ во Штип започнува од денеска и ќе трае до 17 септември. Директорката на ДСД „Браќа Миладиновци“-Штип, Гордана Барбашка вели дека може да конкурираат сите студенти кои ги исполнуваат условите, запишуваат прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип. Во меѓувреме заврши Конкурсот за сместување на студенти од втора до четврта година и согласно резултатите на Министерството за образование и наука (МОН) во студентскиот дом во Штип примени се 107 студенти.
Штип, 10 септември 2025 (МИА) - Конкурсот за прием на бруцоши во Државниот студентски дом (ДСД) „Браќа Миладиновци“ во Штип започнува од денеска и ќе трае до 17 септември. Директорката на ДСД „Браќа Миладиновци“-Штип, Гордана Барбашка вели дека може да конкурираат сите студенти кои ги исполнуваат условите, запишуваат прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип. Во меѓувреме заврши Конкурсот за сместување на студенти од втора до четврта година и согласно резултатите на Министерството за образование и наука (МОН) во студентскиот дом во Штип примени се 107 студенти.
-Во периодот од 25 јуни до 10 јули беше Конкурсот за прием на средношколци. Тој заврши, но резултати сѐ уште нема. Конкурсот за студенти траеше од 15 до 31 јули, а резултатите излегоа на 6 септември, кај нас во домот влегоа 107 студенти. Во текот на оваа недела од 9 до 15 септември може да поднесат приговор, вели Барбашка.

Во меѓувреме летниот период се искористи за подобрување на условите во студентскиот дом за идните студенти, но и ученици кои ќе бидат сместени овде.
-Подготвени сме за прием на студентите и официјално започнување на учебната година, додава Барбашка.
Државниот студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ -Штип располага со капацитет од 236 легла, над 40 соби подоготвени за студентите и средношколците. вдј/аа/
Фото: МИА