• недела, 01 февруари 2026

Во струмичко Костурино водата однесе 120 јагниња и 100 овци

Во струмичко Костурино водата однесе 120 јагниња и 100 овци

Струмица, 27 јануари 2026 (МИА) - Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото Костурино, лоцирана на местото „Шепово“.

Според сопственикот, се се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода влечела се пред себе.

- Од брзата и надојдена вода, која достигна над два метри, не успеавме да ја отвориме шталата и да ги извадиме јагнињата и овците. Штетате е голема. Во еден момент постоеше опасност и нас да не повлече водата, мене и брат ми Никола, но успеавме да се спасиме, раскажува Зоран Колев.

Тој денеска ја пријавил штетата во Општина Струмица, а загинувањето на јагнињата и овците го пријавил и кај другите надлежни служби, кои треба да излезат на терен и да ја утврдат висината на штетата.рт/са/

Фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан