Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија
- Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, која е координатор на проектот.
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје - соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, која е координатор на проектот.
- Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (UCPM) со цел зајакнување на капацитетите за справување со шумски пожари, прекугранична соработка и подобрување на оперативната подготвеност - соопшти ДЗС.
На настанот ќе бидат презентирани целите и активностите на проектот, улогите на партнерите, планираните тренинзи и вежби и очекуваните резултати и придобивки. хс/ац/
Фото: МИА архива