Во Струмица ќе биде отворен Ротари клуб
- Настанот има донаторски карактер, односно средствата собрани преку котизациите и индивидуалните донации ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема за Детското одделение-Педијатрија при ЈЗУ „Општа Болница Струмица“.

Струмица, 17 мај 2025 (МИА)- Во Струмица вечер ќе биде отворен Ротари клуб, кој е дел од светската мрежа на Ротари Интернационал, која брои над 1.4 милиони членови и над 45.000 клубови ширум светот обединети во идејата за хуманост, служба кон заедницата и градење мостови на пријателство и соработка, соопштија организаторите.
-Отворањето ќе биде збогатено со пригодна програма, музика и присуство на бројни гости и поддржувачи, а на чартер-забавата се поканети претставници на верските заедници, пратеници од Општина Струмица, градоначалниците од Струмичкиот микро-регион, советници од Општина Струмица, директори на јавни институции, истакнати бизнисмени и претприемачи, како и бројни пријатели и соработници кои ја поддржаа иницијативата, се наведува во поканата од Ротари клуб Струмица.
Настанот има и донаторски карактер, односно средствата собрани преку котизациите и индивидуалните донации ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема за Детското одделение-Педијатрија при ЈЗУ „Општа Болница Струмица“.
Се додава дека ова е прв ваков настан во Струмица и претставува важен чекор во развојот на заедницата, преку хуманитарна, едукативна и општествено одговорна работа.рт/лв/
Фото: организатор