Во Струмица Светскиот ден на животната средина одбележан со изложба на креативни изработки направени од деца од рециклирани материјали
- Светскиот ден на животната средина во Струмица е одбележан со изложба на креативни изработки направени од рециклирани материјали подготвени од децата од детските градинки.
Струмица, 5 јуни 2025 (МИА)-Светскиот ден на животната средина во Струмица е одбележан со изложба на креативни изработки направени од рециклирани материјали подготвени од децата од детските градинки.
Изложбата се одржа под мотото „RE-ART: Мали рециклатори, големи креатори“, а малите раце преку големи идеи покажаа дека секој отпад е нова можност.
Покрај изложбата, беше изведена и пригодна културно-уметничка програма подготвена од страна на децата и нивните воспитувачки, а на настанот се обрати заменик градоначалничката, Елена Магеровска Паликарова.
-Општина Струмица ги има сите услови за собирање, селекција и рециклирање на отпадот преку набавка на интегриран систем за рециклирање, односно платикомати и канти за селекција на отпад за домаќинствата, што претставува уште еден влог, покрај останатите активности кои што ги спроведува, за заштита на животната средина, истакна Магеровска Паликарова.
За најдобрите изработки беа обезбедени награди од Словенската амбасада во нашата држава, „Europe house“ и „Шпаркасе банка“.
Настанот го организираа Општина Струмица и компанијата „Нула отпад“.рт/вг/
Фото: МИА