Во Струмица почна изградбата на спортски терен и паркинг во Турското маало
- Почна изградбата на спортски терен и паркинг во Турското маало на местото на некогашната Маларична болница чии остатоци беа урнати пред две години.
Струмица, 26 февруари 2025 (МИА) - Почна изградбата на спортски терен и паркинг во Турското маало на местото на некогашната Маларична болница чии остатоци беа урнати пред две години.
На почетокот на изградбата денеска присуствуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој во изјавата за медиумите истакна дека доцнењето во изградбата се должи на распишувањето тендер за нова јавна набавка и од денеска изведувачот почна со работа. Тој информираше дека ќе продолжи изградбата и на Социјалната населба во Турското маало со подигнување на првите 25 типски куќи.

-.Дополнително ги издадовме одобренијата за почеток на трета фаза со коишто ќе аплицираме за третиот повик од унгарскиот кредит, а тоа значи почеток на изградба на куќите во Социјалната населба со цел дислокација на дивоизградената населба на улицата „Климент Охридски“. Почнуваме со 25 куќи и доколку ни одобрат средства од Владата ќе можеме да го заокружиме целиот проект со 118 куќи. Социјалната населба е вториот најголем проект во историјата на Општина Струмица по јавниот превоз, којшто токму јас како градоначалник со мојот тим и со овој Совет го реализиравме, рече Костадинов.
Инаку, изградбата на спортски терен и паркинг во Турското маало чини 6.253.192,00 денари и треба да заврши до почетокот на јуни годинава. рт/цр
Фото: МИА