Во Струга ќе биде промовирано илустрирано житие на Света Спаса Вишенска
- Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во сабота на 25 мај ќе биде промовирана книгата „Сетило на врв планина“, илустрирано житие на Света Спаса Вишенска.
Струга, 16 мај 2025 (МИА) - Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во сабота на 25 мај ќе биде промовирана книгата „Сетило на врв планина“, илустрирано житие на Света Спаса Вишенска.
Автор на делото е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустратор Викторија Попоска.
Житието, како што појасни за МИА уредникот на книгата отец Александар Димоски, се состои од седум поглавја, со по два цртежи или вкупно четиринаесет цртежи.
Иницијативата, истакна тој, произлегла на минатогодишната прослава на Света Спаса Вишенска во разговор со авторката.
- На минатогодишната прослава се појави идеја да го адаптираме житието на Света Спаса да биде достапно и разбирливо за деца. Житието е опширно, но од разговорот со авторката произлезе идеја да се скрати и да се доближи до децата, рече Димоски.
Книгата, нагласи, е авторско дело на Кантарџиева - Димков, која на свој начин го скратила житието на Света Спаса, во седум поглавја и го опиша целото прилагодено како свое видување за да го доближи до најмладите читатели.
Житието е иустрирано од струшката уметница Попоска.
Проектот е реализиран со средства од Министерството за култура преку програмата за писатели и според отец Димоски, е една од последните работи благословени од сега починатиот митрополит Тимотеј. сс/дма/
Фото: Илустрација