Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија
- Дискусија за иднината на македонската економија насловена „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија“, денеска ќе се одржи во Стопанската комора во организација на Советот на странски инвеститори.
Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Дискусија за иднината на македонската економија насловена „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските текови: Патот напред за македонската економија“, денеска ќе се одржи во Стопанската комора во организација на Советот на странски инвеститори.
На дискусијата ќе говорат Џакопо Детони , главен уредник, fDi Intelligence (Financial Times), Јирген Капенман, основач и партнер, Policultancy, Зоран Јовановски, макроекономист, и Виктор Мизо, претседател на Совет на странски инвеститори, VP Government Affairs - KOSTAL Group.вј/лв/
Фото: МИА архива