• петок, 05 декември 2025

Во Старо Нагоричане, најмногу гласови освои Мирослав Славковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во Старо Нагоричане, најмногу гласови освои Мирослав Славковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Куманово, 21 октомври 2025 (МИА) - Во Старо Нагоричане, најмногу гласови освои Мирослав Славковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, според официјалните резултати на Државната изборна комисија.

Тој освоил најголем број гласови во првиот круг на локалните избори, односно 961 глас. Следува кандидатот на коалицијата на СДСМ, Далибор Трајковски со 563 гласа, односно 29,35 отсто отсто од гласовите. Останатите Власта Димковиќ од Српска странка има 11,47 отсто и кандидатот на Левица Андреј Димитријевски со 6,26 проценти.

Во општината право на глас, имаа 3.011, а завчера гласале 63, 81 процент.

Според 99,83 отсто обработени гласови од страна на Државната изборна комисија, во новиот состав на Советот, кој има девет члена, три ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, со листата предводена од Ивица Димковски и исто толку ќе добие СДСМ со носителот Иван Марковиќ. По еден советник ќе има ЗНАМ, со носителот Милош Стојмановски, Единствена Македонија со Саша Андоновски и и Српска странка со Дејан Јовчиќ. ам/ац/

Фото: ФБ Мирослав Славковски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан