• вторник, 05 ноември 2024

Во старечки дом кај Милано 22 лица заразени од коронавирус

Во старечки дом кај Милано 22 лица заразени од коронавирус
Милано, 28 август 2020 (МИА) - Најмалку 22 лица се заразени со коронавирусот во старечки дом на периферијата на Милано, главниот град на Ломбардија, италијанскиот регион најтешко погоден од вирусот. Само еден од заразените има симптоми, поради што се тестирани над 120 лица сместени во домот, како и персоналот. Меѓу 22-те лица кои се позитивни на Ковид-19 има и еден работник, објавија италијанските медиуми. паг/

Остани поврзан