Во средното училиште „Ѓоце Стојчески“ промовиран мурал за фудбалерот Недим Бајрами по потекло од тетовско
- Општина Тетово организираше промоција на мурал на фудбалерот Недим Бајрами, изработен на ѕидот од спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчески“. Бајрами како фудбалер настапува за репрезентацијата на Албанија и Глазгов Ренџерс во Шкотска. Роден е во Швајцарија, но потекнува од Тетово.
Тетово, 13 јуни 2025 (МИА) - Општина Тетово организираше промоција на мурал на фудбалерот Недим Бајрами, изработен на ѕидот од спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчески“. Бајрами како фудбалер настапува за репрезентацијата на Албанија и Глазгов Ренџерс во Шкотска. Роден е во Швајцарија, но потекнува од Тетово.
- Ние денес со промовирање на овој мурал, сакаме да испратиме порака и до нашата младина, да ги одберат најдобрите модели кај луѓето кои се најуспешни во светот, во спортот и културата, со што ние може да очекуваме добра иднина. За нас важни се примерите со кои живееме во животот, денес при промовирање на овој мурал, сакаме да кажеме дека колку повеќе знаеме за националните достигнувања, толку повеќе го промовираме Тетово, рече градоначалникот Биљал Касами.
Фудбалерот Бајрами се заблагодари за изработениот мурал, кој го открија градоначалникот, директорот на училиштето и заменик министерката за спорт Сафије Садики-Шаини.
- Радосен сум што сум тука. Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. На младината што се занимава со спорт и посакувам многу успех не само во спортот туку на училиште бидејќи и тоа е важно, рече Бајрами
Општина Тетово во поканата до медиумите промоцијата на мурал на Бајрами ја најави како посебна благодарност за достигнувањата и достојното претставување на нашата земја. ас/дма/
Фото: Општина Тетово