• вторник, 14 јануари 2025

Во Србија на 16 септември штрајк на вработените во образованието

Во Србија на 16 септември штрајк на вработените во образованието

Белград, 2 септември 2024 (МИА) - Сите четири репрезентативни синдикати на образованието во Србија за 16 септември најавија прекин на работата и протести во сите градови низ државата. Претседателката на синдикатот за образование на Србија, Валентина Илиќ изјави дека доколку следат репресивни мерки, дневниците на просветните работници треба да се уплаќаат во фондот за лекување на заболените од ретки болести.

На прес-конференцијата пред Владата на Србија, синдикалните претставници повторија дека се разочарани, бидејќи Владата не го исполнила она што го вети и потпишано во протоколот од 2023 година - почетната плата на наставниците да биде еднаква на просечната плата во Република Србија.

Синдикатите порачаа дека ќе ги поканат колегите на бурна реакција кога ќе се носи буџетот.

Остани поврзан