• четврток, 05 септември 2024

Во Србија блокади на патиштата во повеќе градови против рудникот за литиум на Рио Тинто

Во Србија блокади на патиштата во повеќе градови против рудникот за литиум на Рио Тинто
Белград, 8 јануари 2022 (МИА) - Здружението на еколошки организации на Србија и оваа сабота организираше нови блокади низ земјата во знак на протест против ископот на литиум и проектот „Јадар“ на компанијата Рио Тинто, јави дописникот на МИА од Белград. Во Белград, во близина на Сава центарот и во Нови Сад, во близина на автопатот Белград – Суботиќ имаше помали инциденти, кога возачи чии возила беа запрени поради блокадата се обидоа вербално, а некои и физички да се пресметаат со демонстрантите. Еколошките организации еден час го блокираа и патот Белград-Ужице-Златибор кај Ложнички мост, како и мостот во Шабац. Блокирана беше и Ибарската магистрала во Прељина и главниот пат Шабац - Лозница - Мали Зворник. Организаторите на блокадата за следната недела најавија радикализација на протестите против експлоатацијата на литиумот во Србија. Премиерката Ана Брнабиќ претходно денеска изјави дека Владата на Србија е блиску до одлуката да поништи се што се случува со Рио Тинто и да ги поништи сите дозволи дадени на таа компанија. Од Еколошкото востание порачаа дека пред да се укинат сите дозволи, се што е потпишано мора да и биде достапно на јавноста. паг/

Остани поврзан