Во Собранието ќе заседаваат две комисии
- Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
![Во Собранието ќе заседаваат две комисии](https://mia.mk/images/20241201153536_big_730x400_19.webp )
Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, сите во второ читање. фф/ев/
Фото: МИА Архива