• понеделник, 10 март 2025

Во Собранието дебата за подобрување на статусот на жените

Во Собранието дебата за подобрување на статусот на жените

Скопје, 7 март 2025 (МИА) -  Собранието денеска ќе ги одржи 38. седница на која треба да расправа за повеќе предлог одлуки и закони, како и 39. која е со единствена точка на дневен ред „30 години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција“. 

Во рамки на 38. седница пратениците треба да дебатираат за Предлог одлуката за објавување јавен конкурс за именување членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, како и за предлог одлуките за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, и на директор и заменик на директорот на Агенцијата за администрација.
 
На дневен ред на седницата се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во прво читање и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање. Исто така и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како и Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2025 година. лв/дма/

фото: МИА архива  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан