• понеделник, 23 декември 2024

Во Сирија погубени 24 лица осудени за подметнување шумски пожари

Во Сирија погубени 24 лица осудени за подметнување шумски пожари
Дамаск, 21 октомври 2021 (МИА) - Во Сирија се погубени 24 лица осудени за подметнување шумски пожари, соопшти Министерството за правда.
Во соопштението се наведува дека се „погубени криминалци кои извршиле терористички напади што доведоа до смртни загуби и уништување на инфраструктурата и јавниот имот“.
По истата основа, уште 11 лица беа осудени на доживотен затвор.
Во минатогодишните шумски пожари загинаа три лица, а изгореа илјадници хектари шума.
Егзекуциите се вообичаени во Сирија, но бројот на егзекуции денес е поголем од вообичаеното. паг/
 

Остани поврзан