• сабота, 23 ноември 2024

Во Сенегал формирана коалиција против третиот мандат на претседателот Сал

Во Сенегал формирана коалиција против третиот мандат на претседателот Сал

Дакар, 17 април 2023 (МИА) – Повеќе од сто политички, невладини организации и независни личности денеска во Дакар формираа коалиција за да го блокираат евентуалниот трет мандат на претседателот на Сенегал, Маки Сал.

На формирањето на коалицијата наречена „Движење на живите сили на Сенегал Ф24“ присуствуваа и неколку опозициски лидери. Претседателските избори во Сенегал се закажани во февруари 2024 година

Сал првпат беше избран за претседател на Сенегал во 2012 година и повторно во 2019 година.

Минатиот месец изјави дека само политичките, а не уставните фактори може да го спречат повторно да се кандидира за претседател на Сенегал. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан