Во САД ограбен домот на Жиру
- Фудбалерот на Лос Анџелес, Оливие Жиру, бил ограбен во САД, пренесува „TMZ“.

Лос Анџелес, 18 февраури 2025 (МИА) – Фудбалерот на Лос Анџелес, Оливие Жиру, бил ограбен во САД, пренесува „TMZ“.
Сопругата на францускиот фудбалер го пријавила грабежот на 5 февруари откако открила скршен прозорец во куќата.
Разбојниците упаднале во домот на 38-годишниот Французин. Штетата се проценува на околу 500 илјади долари. Наводно се украдени неколку вредни предмети, меѓу кои и десет часовници. Крадците не се откриени, а полицијата продолжува да го истражува случајот.
Жиру игра во МЛС од летото 2024 година. На 19 натпревари, постигна два гола и една асистенција.
Фудбалерот му се приклучи на Лос Анџелес во јули 2024 година. Поранешниот француски напаѓач играше и за Арсенал, Челзи и Милан. зс/
Фото: ЕПА