Во руски напад врз Краматорск загинаа двајца украински новинари, а еден е повреден
- Во рускиот напад со дрон во Краматорск, источна Украина загинаа двајца украински новинари, а еден е повреден
Киев, 23 октомври 2025 (МИА) – Во рускиот напад со дрон во Краматорск, источна Украина загинаа двајца украински новинари, а еден е повреден.
Жртвите работеле за „Телевизија Фридом“ (Freedom TV). Аљона Грамова и Јевгениј Кармазин загинаа додека нивниот автомоибил бил на бензиска пумпа, а Александар Колишчев е повреден и хоспитализиран.
Краматорск, каде што пред инвазијата на Русија живееле околу 150.000 луѓе, се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот. Тој е еден од последните градови во регионот Доњецк што е под украинска контрола. ми/
фото: МИА архива