• недела, 22 декември 2024

Во Русија откажани сите забавни и масовни настани, бендот пред чиј концерт се случи нападот соопшти дека се живи и безбедни

Во Русија откажани сите забавни и масовни настани, бендот пред чиј концерт се случи нападот соопшти дека се живи и безбедни

Москва, 22 март 2024 (МИА) – Руското Министерство за култура соопшти дека сите забавни и масовни настани се откажани низ целата земја.

Претходно беа откажани сите масовни настани во Москва по пукањето во Крокус Сити Хол.

Нападот беше извршен пред самиот почеток на концертот на рускиот рок бенд „Пикник“.

Рускиот рок бенд на Инстаграм објави дека се „живи и безбедни“, јави Би-Би-Си.

- Се случи трагедија, чии размери се уште не можеме да ги процениме, се вели во нивното соопштение.

- Ги следиме вестите и чекаме официјални информации. Музичарите и менаџментот се живи и безбедни, нагласи бендот.

Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Крокус Сити Хол во Москва. јт/

Фото: Википедија

Остани поврзан