• среда, 15 мај 2024

Во Русија блокиран „Гугл њуз“

Во Русија блокиран „Гугл њуз“
Москва, 23 март 2022 (МИА) - Рускиот регулатор за комуникации го блокирал „Гугл њуз“ (Google News) низ целата земја, објавија руските медиуми. „Гугл“  најави дека ќе ги паузира сите реклами со содржини што го искористуваат, отфрлаат или одобруваат актуелниот конфликт помеѓу Русија и Украина. Тоа уследи откако голем број платформи за социјални медиуми кои најавија нови ограничувања на содржината за конфликтот, вклучително и блокирање на руските државни медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ во Европска Унија. ми/

Остани поврзан