• недела, 22 декември 2024

Во Росоман одржани едукативни работилници за борба против туберкулоза

Во Росоман одржани едукативни работилници за борба против туберкулоза

Кавадарци, 25 март 2024 (МИА) - Црвен крст Кавадарци во Росоман одржа три едукативни работилници за борба против туберкулоза, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.  

-По повод одбележување на Светскиот ден на борба против туберкулоза, 24 Март, Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска Организација Кавадарци, денеска одржа едукативни работилници во Основното училиште ,,Пере Тошев" во Росоман. Оваа година мотото за борба против туберкулоза е: „Да! Можеме да ставиме крај на ТБЦ”. На едукативните работилници учествуваа 78 ученици од осмо и деветто одделение, а пред присутните се обрати стручно лице, појаснија од Црвениот крст.

Оттаму нагласија дека овие работилници се со цел, да се поттикне забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на туберкулоза, запознавање на младата популација со глобалното влијание на ТБЦ, состојбата со ТБЦ во Република Северна Македонија. 

- Станува збор за едукација за препознавање на туберкулоза, белодробен облик на туберкулоза, вонбелодробна туберкулоза, причинители, извор на зараза, пренесување, инкубација, спречување и сузбивање на туберкулозата.  Учениците беа доста активни на оваа тема, заинтересирани за прашања на кои добија одговор од стучното лице, соопштија од Црвениот крст. свд/дма/


Фото: Црвен крст Кавадарци 

Остани поврзан