• петок, 22 ноември 2024

Во Рим уапсена Американка осомничена дека го запалила сопругот

Во Рим уапсена Американка осомничена дека го запалила сопругот
Рим, 13 февруари 2020 (МИА) - Во Рим е уапсена Американка, за која се трагаше од 2002 година поради смртта на нејзиниот сопруг, чие тело толку беше изгорено, што беше идентификувано 13 години подоцна, соопшти денеска италијанската полиција. Беверли Мекалум е уапсена откако пристигнала во мал хотел во Рим. Италијанските хотели мораат да ги регистрираат гостите преку онлајн системот, кој е поврзан со полициската база на податоци. Така е откриено дека по Мекалум е распишана меѓународна потерница. Претходно, американските власти бараа од Пакистан да ја екстрадира Мекалум поради убиство на нејзиниот сопруг Роберт Карабаља. Тој во 2002 година беше претепан и задушен, а неговото тело било спалено и фрлено во поле во западен Мичиген. Неговите посмртни останки се идентификувани дури во 2015 година, по анонимна дојава. ми/

Остани поврзан