Во Ресен се одржува манифестацијата „Преспански јаболкобер“
- Општина Ресен со традиционални активности и манифестацијата „Преспански јаболкобер“ го најави почетокот на бербата на јаболки од годинашниот род.
Ресен, 26 септември 2025 (МИА) - Општина Ресен со традиционални активности и манифестацијата „Преспански јаболкобер“ го најави почетокот на бербата на јаболки од годинашниот род.
Во рамки на програмата се одржаа промоција на книга од проф. д-р Јагода Митревска, театарска претстава изведоа членовите на драмското студио „Престиж“, како и изложба на тема „Низ четката на преспанските уметници“.
-Денеска приредивме презентација на производи од јаболко, ликовна работилница „Јаболче“, а вечер ќе има литературно читање со Ана Бунтевска и вечерни концерти. Манифестациите од годинешниот „Преспански јаболкобер“ ќе бидат заокружени утре со откинување на првото јаболко, посочија од секторот за односи со јавност на Општина Ресен.
Според востановената традиција, на Крстовден кога почнува бербата на јаболката во Преспа, Општина Ресен ќе ги награди најуспешните овоштари за минатата година.мт/вј/
Фото: МИА