• четврток, 04 јули 2024

Во Ресенско пронајдени бесправно исечени огревни дрва, приведено едно лице

Во Ресенско пронајдени бесправно исечени огревни дрва, приведено едно лице

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Полициски  службеници од СВР Битола-ОВР Ресен вчера го лишиле од слобода Б.Н.(75) од село Шурлинци, ресенско. Кај него, во дворното место во село Шурлинци е пронајдена поголема количина огревно дабово дрво, без жиг и испратница. 

-Дрвната маса е одземена и предадена на Национални шуми Подружница Ресен, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан