• недела, 22 декември 2024

Во ракетен напад во Либан погоден штабот на УНФИЛ, осум австриски војници се полесно се повредени

Во ракетен напад во Либан погоден штабот на УНФИЛ, осум австриски војници се полесно се повредени

Виена, 29 октомври 2024 (МИА) - Осум австриски војници од мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) се здобија со лесни повреди во ракетен напад врз седиштето на УНФИЛ во Наквора, во близина на границата со Израел, соопшти денеска австриското Министерство за одбрана.

УНИФИЛ е стациониран во јужен Либан за да ги следи судирите долж линијата за разграничување со Израел, област која овој месец беше сцена на жестоки судири меѓу израелските војници и борците на Хезболах.

„Силно го осудуваме овој напад и ќе бараме итно да се истражи“, се наведува во соопштението на австриското Министерство за одбрана и се додава дека на ниту еден од војниците не му била потребна итна медицинска помош и дека не е јасно од каде бил истрелан проектилот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан