• четврток, 26 март 2026

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) – Лицето од скопското село Батинци, кое денеска беше повредено при пукање во автомобил во движење и кое по трагичниот настан им подлегна на повредите во ГОБ „Св Наум Охридски“ бил припадник на Армијата. 

Од Армијата, информираат дека за време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден и изразуваат длабока жалост до семејството на починатиот.

-Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот. За време на трагичниот настан лицето не било на служба во Армијата, односно било на користење слободен ден. На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР  и дежурна служба на Воената полиција, се вели во соопштението од Армија.

Од МВР, информираа дека во СВР Скопје  денеска околу 10:15 часот било пријавени дека на влезот на скопско Батинци, било пукано со огнено оружје кон патничко возило во движење по што едно лице било пренесено во болница, каде им подлеглнало на повредите.

-Денеска околу 10:15 часот во СВР Скопје, М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ „Св Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт, информираат од МВР. аа/дма/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан