Во Пробиштип се чистат 14 диви депонии
- Во Општина Пробиштип се чистат дивите депонии, акцијата е почната од пред четири дена, а денеска се чистат дивите депонии во село Петршино, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски.
Пробиштип, 24 февруари 2026 (МИА) - Во Општина Пробиштип се чистат дивите депонии, акцијата е почната од пред четири дена, а денеска се чистат депониите во село Петршино, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Посочува дека следна локација за чистење е во село Турско Рудари, а потоа и во сите останати места.
Општина Пробиштип има индентификувано вкупно 14 точки со неправилно одложен отпад, а акцијата има цел враќање на чистотата и уредноста на просторот.

- Чистата животна средина е заедничка одговорност и обврска на сите нас. Само со совесно однесување и почитување на правилата можеме да обезбедиме здрава и уредена околина за сегашните и идните генерации - вели Тоневски.
Тој апелира до сите граѓани да не создаваат нови диви депонии и отпадот да го одложуваат исклучиво на предвидените места.
- Заедно можеме да придонесеме за почист, поздрав и поубав Пробиштип - подвлече Тоневски. вдј/паг/
Фото: Општина Пробиштип