• четврток, 26 март 2026

Во Пробиштип градежни активности на улици, заврши и инсталирањето на нов систем за ладење и греење во училишна спортска сала

Во Пробиштип градежни активности на улици, заврши и инсталирањето на нов систем за ладење и греење во училишна спортска сала

Пробиштип, 4 септември 2025 (МИА) – Во Општина Пробиштип денеска завршува  асфалтирањето на улица „Плавица“. За реконструкција на оваа улица општината одвои 6.9 милиони денари, а проектот покрај нов асфалтен слој има и изградба на тротоари во должина од 440 метри, а изведувач на работите е економскиот оператор Стоименов од Кочани, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анстасов.

Тој истакна дека со реконструкција на оваа улица се зголемува безбедноста во сообраќајот и ги подобруваат условите во овој дел од градот, каде се извршуваат припремени работи и на улицата „Доне Божинов“, а наскоро ќе отпочне и реконструкцијата на дел од улицата „3-ти Април“.

Анастасов информира дека иво спортската сала при основно училиште „Никола Карев“ е инсталиран целосно нов систем за греење и ладење.

-Со овој проект овозможуваме услови за учениците да ја користат спортската сала при секакви временски услови. Вредноста на проектот е 5.7 милони денари, средства од буџетот на училиштето, вели Анастасов.

Посочува дека општината заедно со општинските институции продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани. вдј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан