• петок, 05 декември 2025

Во Прилеп се одржа традиционално пливачко дефиле на 300 деца

Во Прилеп се одржа традиционално пливачко дефиле на 300 деца

Прилеп, 30 август 2025 (МИА) - Околу 300 деца од 7 до  14 години, од пливачките школи во Прилеп, денеска учествуваа на традиционалното пливачко дефиле на Градскиот базен во Прилеп. Дефилето се одржува секоја година кон крајот на август во организација на  спортскиот центар „Маркови Кули, градски базен - Прилеп“.

Борис Темоски, сопственик на Спортскиот центар вели дека на Прилеп му е потребен затворен базен и се подготвени да инвестираат, ако имаат гаранција за тоа.

-Прилеп има многу таленти и има потреба од затворен базен. Доел „Маркови Кули“ е подготвен да започне изградба на затворен базен врз база на Државно-приватно партнерство. Не е потребно да се трошат буџетскте пари на граѓаните. Сѐ што треба е државата да обезбеди сигурност на инвестициите и за инвеститорите, вели Темоски.ем/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан