• недела, 24 ноември 2024

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Прилеп, 6 октомври 2024 (МИА) - Во организација на фото кино клубот „Прилеп“ викендов се одржува манифестацијата „Прилеп Фото Фест“. Манифестацијата синоќа беше отворена со две изложби на уметнички фотографи. Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на фотографии на Мери Бошкоска насловена „Црно-бели фрагменти“, а потоа и изложбата на Димитар Ристески со уметнички фотографии под наслов „Светот одозгора“.

Во градската библиотека „Борка Талески“се одржа фото работилница на која пред вљубениците на уметничката фотографија предавање одржа Александар Томовски, мајстор на фотографијата на НФУМ (Национална фото унија на Македонија). Во Библиотеката се прикажаа проекции на фотографии од автори од Македонија, Кралството Бахреин, Србија и Турција, а беше претставена и групната изложба на уметнички фотографии.

Фото кино клубот „Прилеп“ за учесниците на „Прилеп Фото фест“ денеска организира фото сафари во Крушево. ем/сст/

фото извор МИА

Остани поврзан