Во пресрет на Денот на жената градоначалникот Александар Георгиевски со подароци за понежниот пол во Општина Илинден
- Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во пресрет на Денот на жената 8 Март, им го честиташе празникот на припадничките од понежниот пол во Општината, јавните претпријатија, но и на општинската администрација.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во пресрет на Денот на жената 8 Март, им го честиташе празникот на припадничките од понежниот пол во Општината, јавните претпријатија, но и на општинската администрација.
-Со искрени желби за многу здравје, радост, среќа и љубов, градоначалникот на припадничките од понежниот пол, им подари скромни подароци, како и осмомартовски црвени рози, велат од Општина Илинден.
Тој истакнал дека денешниот ден е симбол на борба за еднаквост и рамноправност во општеството. Жените, рекол, се тие што знаат да направат баланс, да бидат столбот на семејството, да бидат успешни, нивната мисија е да креираат и да реализираат. Градоначалникот додаде дека улогата на жената е се позначајна во општеството. сст/дма/
Фото Општина Илинден