• петок, 05 декември 2025

Во прекин сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско

Во прекин сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско

Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско од 17:10 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, а на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан