Во прекин пловидбата во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата
- Пловидбата по Каналот Студенчишта во Охрид денеска ќе биде во прекин, и тоа во периодот од 9:30 до 12 часот, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Eзеро“.
Охрид, 18 август 2024 (МИА) – Пловидбата по Каналот Студенчишта во Охрид денеска ќе биде во прекин, и тоа во периодот од 9:30 до 12 часот, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Eзеро“.
Забраната е воведена поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што во посочениот период ќе се одржува Централната свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата.
Од СВР Охрид се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција. аб/дма/
фото: МИА