• недела, 22 декември 2024

Во прекин емитувањето на телевизиски канали во Франција поради глобалниот дефект во компјутерските системи

Во прекин емитувањето на телевизиски канали во Франција поради глобалниот дефект во компјутерските системи

Париз, 19 јули 2024 (МИА) - ТВ канали во Франција беа погодени од глобалниот дефект во компјутерските системи што создаде хаос низ светот, јави ДПА.

„Канал+“ ги извести своите гледачи дека има дефект на ИТ што го спречи емитувањето на неговите редовни програми.

Погодена беше и ТВ ТеФ 1. Водителка за време на пренос објави дека каналот не може да емитува се што е содржано во неговата програма., јави ДПА. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан