• петок, 05 декември 2025

Во прекинат сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајна несреќа

Во прекинат сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајна несреќа

Скопје, 24 јули 2025 (МИА) - Од 17:50 часот на патниот правец Мавровбо - Дебар и обратно, кај Ростушки мост, сообраќајот е во целосен прекин поради сообраќајна незгода, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фф/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан