• недела, 22 декември 2024

Во Појасот Газа денеска се убиени 61 лице

Во Појасот Газа денеска се убиени 61 лице

Газа, 31 август 2024 (МИА) - Најмалку 61 лице загина во денешните израелски напади врз Појасот Газа, меѓу кои и три лица кои беа убиени во напад на болницата „Ал Али“ во градот Газа, соопштија палестинските власти. 

Властите додадоа дека телата на најмалку 27 жртви од израелскиот напад на Кан Јунис биле пренесени во блиската болница Насер, а Црвената полумесечина соопшти дека осум тела биле извлечени по неодамнешното израелско повлекување од градот по офанзивата. 

Израелската армија започна голема операција на окупираниот Западен Брег, со стотици војници со помош на воени возила, додека продолжува окупацијата на градот Џенин, каде денеска беа убиени двајца Палестинци во бегалскиот камп, пренесува Ал Џезира. 

Во нападите врз Џенин, Наблус, Тубас и Тулкарем, израелската армија уби најмалку 20 Палестинци, а жителите на окупираниот Западен Брег се соочуваат со недостиг од храна, вода, струја и интернет конекција. 

Израелската армија соопшти дека тројца војници загинале денеска во судири со припадници на Хамас во Џенин. 

Истовремено, израелската армија и Шин Бет денеска соопштија дека во четвртокот во напад на централниот дел на Појасот Газа, загинал командантот на централната бригада на Исламскиот џихад, Мухамед Катрави.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан