Во Полска погребани посмртните останки на повеќе од 700 луѓе убиени од нацистите во Втора светска војна
- Во Полска денеска е одржан погреб на посмртните останки на повеќе од 700 луѓе убиени за време на окупацијата на нацистичка Германија во Втора светска војна, а кои неодамна беа откриени во така наречената Долина на смртта, во северниот дел на земјата
Варшава, 2 септември 2024 (МИА) – Во Полска денеска е одржан погреб на посмртните останки на повеќе од 700 луѓе убиени за време на окупацијата на нацистичка Германија во Втора светска војна, а кои неодамна беа откриени во така наречената Долина на смртта, во северниот дел на земјата.
Погребот беше во градот Хојњица, а покрај претставници на локалната власт присуствуваше и претседателот на Полска, Анджеј Дуда, како и вработени во државниот Институт за национално памтење, кој ја изврши и документираше ексхумацијата.
Посмртните останки на полските цивили, вклучително и nа околу 218 пациенти кои добиле азил, беа ексхумирани во периодот од 2021 до 2024 година од неколку масовни гробници на периферијата на Хојњица. ми/
фото: МИА архива