• четврток, 25 април 2024

Во полицијата пријавени повреди на двајца работници

Во полицијата пријавени повреди на двајца работници

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден било пријавено дека велешанка и битолчанец  биле повредени при извршување работни задачи на нивните работни места.

-Во СВР Скопјевчера во 16.10 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда била донесена М.Ц.(29) од Велес. Според пријавеното, таа се здобила со повредата при извршување работни задачи во фирма во индустриската зона Бунарџик, информираат од МВР во редовниот дневен Билтен.  

Како што соопштуваат од МВР, вчера во 18.51 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Д.З. (55) од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи во фабрика во Битола.

За настанот во фирмата во Бунарџик бил известен трудов инспектор,  за случајот во Битола е извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот. сх/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан