Во подготовки тактичко показна вежба за Денот на пожарникарите во Македонска Каменица
- Во Македонска Каменица завршија подготовките за тактичко показната вежба , Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонска Каменица ќе ја спроведе во Основното општинско училиште ,,Св.Кирил и Методиј“. Вежбата се организира по повод одбележувањето на 20 Мај, Денот на пожарникарите.
Македонска Каменица, 19 мај 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица завршија подготовките за тактичко показната вежба , Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонска Каменица ќе ја спроведе во Основното општинско училиште ,,Св.Кирил и Методиј“. Вежбата се организира по повод одбележувањето на 20 Мај, Денот на пожарникарите.
Тактичко показната вежба, како што е најавено, ќе опфати „Евакуација и спасување на повредени и загрозени лица од пожар и гасење на пожар во училиштето“.
-Таа има за цел проверка на подготвеноста на ТППЕ од Македонска Каменица, како и демонстрација на процедурите за реакција во вонредни ситуации во училишен објект, се вели во најавата за вежбата.
Според планираното тактичко-показната вежба ќе вклучи ангажирање на две противпожарни возила со звучна сигнализација и ротациони светла.
За време на вежбата ќе биде видливо зголеменото присуство на возила и звучна сигнализација заради што од ТППЕ навремено ги информираат граѓаните за разбирање за времетрање на вежбата.
За време на тактичко-показната вежба учениците и наставниот кадар дополнителни ќе се запознаат со протоколите за евакуација, а ќе можат и од ливе место да се запознаат со работата на Територијалната противпожарна единица. вс/сст/
Фото: ТППЕ Македонска Каменица