• вторник, 19 ноември 2024

Во пехчевското село Црник завршија работите за доградба на тоалети во подрачното училиште ,,Ванчо Китанов"

Во пехчевското село Црник завршија работите за доградба на тоалети во подрачното училиште ,,Ванчо Китанов

Пехчево, 21 мај 2024 (МИА) - Во пехчевското село Црник завршија градежните работи за реализација на проектот „Доградба на тоалети во Подрачното општинско училиште ’Ванчо Китанов’“. Како што информираше градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански со реализацијата на проектот училиштето доби нови современи тоалети во новоизградениот дел. 

-Финансиските средства се обезбедени дел буџетот на Општина Пехчево, дел од страна на Министерството за транспорт и врски за поддршка на имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите, дел од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, истакна Китански.

Со реализацијата на проектот како што додаде се решаца еден горлив проблем на радост на учениците и наставниот кадар.

-Со тоа во голема мера ги подобруваме условите за работа и престој во установата. Благодарност до донаторите и сите кои учествуваа во имплементацијата на проектот, додаде Китански.

Финансиската конструкција на проектот изнесува 1,94 милиони денари со вклучен ДДВ. вс/дма/

 

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан