• вторник, 23 април 2024

Во Пехчево се пошумуваа садници на опожарени површини

Во Пехчево се пошумуваа садници на опожарени површини

Пехчево, 23 нарт 2024 (МИА) - Во Пехчево реализирана акција за пошумување на садници на опожарени површини. Акцијата се спроведе со поддршка на општествено одговорна компанија и учество на волонтери и вработени во подружницата на ШСЕ "Буковик Бајаз Тепе".

-Благодарност до компанијата Еклектик Диспеч и ангажираноста на вработените. Сите заеднички пошумивме 4 000 садници Дуглазија на опожарена површина, истакнаа од пехчевската подружница.
Претходно во Пехчевско се реализираше пошумување по повод Меѓународниот ден на шумите.

-Вработените од подружницата Равна Река –Пехчево, заедно со претставници од Државниот инспекторат за шумарство и ловство, по повод Меѓународниот ден на шумите,  извршија пошумување на исчистени опожарени површини, во Шумско стопанската единица Буковик Бајаз Тепе, оддел 61в, со садници од дрвен вид дуглазија, додадоа од подружницата.

Со вакви и слилни акции како што додадоа ќе се продолжи и во наредниот период. вс/ев/ 

 

Остани поврзан