Во петок во Крива Паланка и Кратово еко-акција „Генералка викенд“
- Во петок, 9 мај, Општина Крива Паланка по петти пат ќе ја реализира големата еколошка акција „Генералка Викенд“, масовна еко-акција на иницијатива на „Мен енд маунтн“. Акцијата, која е препознатлива и се реализира на територијата на целата држава, истиот ден ќе спроведе и во Кратово.
Крива Паланка, 7 мај 2025 (МИА) - Во петок, 9 мај, Општина Крива Паланка по петти пат ќе ја реализира големата еколошка акција „Генералка Викенд“, масовна еко-акција на иницијатива на „Мен енд маунтн“. Акцијата, која е препознатлива и се реализира на територијата на целата држава, истиот ден ќе спроведе и во Кратово.
Општинските власти очекуваат да се спроведе со голема поддршка од граѓани, граѓански организации, институции, училишта, бизнис- секторот, спортски клубови, здруженија и поединци.
-Да покажеме колку ни значи чистата животна средина и да го оправдаме признанието за најеколошка општина во државата. Да дадеме личен пример и да ја потврдиме нашата еколошка и граѓанска свест. Да потсетиме дека отпадот не припаѓа во природата, туку во соодветни контејнери и да ја оствариме целта: поубава, почиста и поздрава Крива Паланка, повикаа од Општина Крива Паланка.
Акциите и во Крива Паланка и Кратово ќе започнат во девет часот.вј/
Фото: Општина Крива Паланка