Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба
- Непознати лица утрово ограбиле две банки во атинска населба, а кражбите биле во период од пет минути, по што во тек е акција на грчката полиција за пронаоѓање на сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 19 декември 2024 (МИА) – Непознати лица утрово ограбиле две банки во атинска населба, а кражбите биле во период од пет минути, по што во тек е акција на грчката полиција за пронаоѓање на сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.
Според првичните неофицијални информации и во двата случаи лицата се превезувале со мотори и засега е непознато дали двете кражби се поврзани, како и колку пари успеале да одземат.
Едниот грабеж бил во 9.40 часот, а вториот во 9.45, а филијалите на двете банки се наоѓаат една спроти друга на централен булевар. ср/