• четврток, 04 декември 2025

Во Охрид поставка на изложбата фотографии на Балканскиот рис

Во Охрид поставка на изложбата фотографии на Балканскиот рис

Охрид, 9 октомври 2025 (МИА) – Во Културниот центар „Култ“ во Охрид, денеска ќе биде отворена патувачката изложба на фотографии од Балканскиот рис.

Отворањето на изложбата е предвидено за 13:30 часот, истата ќе биде достапна за разгледување до 21 октомври, по што ќе биде поставена во друг град.

„Како критично загрозен подвид кој живее само во регионот на Западен Балкан, со помалку од 50 возрасни единки во природата, балканскиот рис е под закана од загуба на живеалишта, криволов и ниска генетска разновидност, иако претставува незаменлив дел од природното наследство на регионот. Оваа изложба сведочи за неговото значење, истакнувајќи ја итноста да му се овозможи опстанок. Повеќето од изложените слики се направени со помош на фотозамки, како најкористен метод за теренско истражување на притаени диви животни“, информираат организаторите.

Патувачката изложба ја организира Македонското еколошко друштво во рамки на „Програмата за закрепнување на балканскиот рис“.

Изложбата во Охрид се реализира во соработка со Културниот центар „Култ“ и Националниот парк „Галичица“. аб/са/

фото/МИА архива

Остани поврзан