• петок, 05 декември 2025

Во Охрид Отворен ден со Армијата и Планинската спасителна служба

Во Охрид Отворен ден со Армијата и Планинската спасителна служба

Охрид, 4 јули 2023 (МИА) – Воздухопловниот винг на Армијата под Командата за операции и Планинската спасителна служба од Охрид утре во кругот на Центарот за обука на вода кај Студенчишта ќе одржат презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени.

Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на Армијата и успешната цивилно-воена соработка, штоа армискиот винг и Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид успешно ја развиваат изминатите две години, во интерес на ефикасноста и квалитетот на спасителните операции на планина и тешко пристапни терени.

Настанот ќе се одржи во дворот на Центарот за обука на вода кај Студенчишкиот канал, во периодот од 10 до 14 часот. аб/

фото/фејсбук

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан