• понеделник, 23 декември 2024

Во Основното општинско училиште „Лирија“ во Горно и Долно Јаболчиште поделени над 900 пакети со училишен прибор и облека

Во Основното општинско училиште „Лирија“ во Горно и Долно Јаболчиште поделени над 900 пакети со училишен прибор и облека

Чашка, 1 септември 2023 (МИА) – Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу заедно со директорот на Државниот просветен инспекторат Хаљит Ферати денеска ги посетија учениците од Основното општинско училиште „Лирија“ во селото Горно и Долно Јаболчиште во општина Чашка и им доделија над 900 пакети со училишен прибор и облека. 

Во изјавата за МИА директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу истакна дека денеска е меѓу учениците во овие планински села во општина Чашка за да им го честита првиот училишен ден и да им посака среќна учебна година, да им подели пакети со училишен прибор и облека затоа што учениците – нашите деца се нашата иднина. 

-На наша иницијатива на Агенцијата за управување со одземен имот наместо запленетиот училишен прибор и облека да завршува на ѓубриште ние инициравме да им се подели на нашите деца во сите општини во државата. Досега Агенцијата подели ваков училишен прибор и облека во училишта во петнаесетина општини во државата, рече Небиу.

Тој најави како ќе добиваат нов училишен прибор и облека и во наредните денови и месеци ќе поделат и во останатите општини, односно училишта во државата. ад/ев/

Остани поврзан