• вторник, 25 јуни 2024

Во општина Маврово и Ростуше вечерва по полноќ ќе се врши дезинсекција

Во општина Маврово и Ростуше вечерва по полноќ ќе се врши дезинсекција
Дебар, 9 септември 2022 (МИА) - Вечерва по полноќ  на територијата на општина Маврово и Ростуше, ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемиска мерка.
-Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Маврово и Ростуше, ги известуваме граѓаните на општината дека вечерва  ќе се реализира втората терестичка дезинсекција на целата територија на општината. Дезинсекцијата ќе се изведува после 24:00 часот и ќе трае до утринските часови, само под поволни временски услови, информираше општината.
Поради тоа се замолуваат сите граѓани да преземат мерки за заштита, со посебен акцент  пчеларите за заштита на пчелните семејства, да не би дошло до несакани последици.
Од општината посочуваат дека во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. вт/дма/

Остани поврзан