Во Општина Конче постојано се чисти снегот од патните правци
- Снегот кој паѓаше вчера и синоќа не предизвика поголеми проблеми за граѓаните на Општина Конче. Чистењето на патните правци се одвива без проблеми, но и покрај тоа до учесниците во сообраќајо

Струмица, 2 феверуари 2022 (МИА) - Снегот кој паѓаше вчера и синоќа не предизвика поголеми проблеми за граѓаните на Општина Конче. Чистењето на патните правци се одвива без проблеми, но и покрај тоа до учесниците во сообраќајот се апелира на внимателно возење.
- Во Општина Конче во текот на вчерашниот ден и утринава снегот не предизвика поголеми проблем за нормално одвивање на сообраќајот. Екипи на Oпштината и „Македонија пат“ ги чистат постојано наносите од снег, кој непрекинато паѓаше се до утринава, информираше градоначалникот Златко Ристов.
Тој уште еднаш апелираше за внимателно возење, а додаде дека Општината и службите остануваат на терен за да ги чистат наносите доколку продолжат врнежите од снег. рт/свс/