• петок, 22 ноември 2024

Во Општина Кисела Вода одбележан Денот на Шопен

Во Општина Кисела Вода одбележан Денот на Шопен

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик денеска положија цвеќе во чест на големиот музичар, Фредерик Шопен пред неговата биста поставен во паркот во Кисела Вода.

-Моментот на почит кон великанот Фредерик Шопен е исклучително важен, бидејќи на овој начин го негуваме неговото безвременско дело и го пренесуваме на следните генерации. Шопен не само што ја збогати светската музичка ризница, туку и ја обележа историјата на Полска, негувајќи ја својата култура и националност преку своите дела. Денес кога се одбележуваат 174 години од неговата смрт, горди сме што можеме заедно со амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик, да се поклониме пред неговата биста, во паркот во Кисела Вода кој го носи неговото име, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски вели дека неговото наследство е живо и секогаш е повод за обединување, за уште една средба, како и  соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Република Полска. љм/дма/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан